АБА: МЗТ Скопје поразен од Цедевита

aba-mzt

Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром како ја завршија старата, така ја започнаа новата со пораз.Во рамките на 16 редовно коло во Јадранската АБА лига на победата во Скопје се радуваше хрватската Цедевита која го совлафа македонскиот шампион со 100-79.

Џош Скот со 23 поени беше најефикасен во составот на МЗТ Скопје, во чии редови солиден кам-бек имаше и вториот Американец во тимот, Ксавиер Темс кој мечот го заврши со 18 поени.

Како и во домашниот тим, така и во гостинскиот, главниот збор го имаа интернационалците од САД, Џејмс даде 21 поен, додека Боутригхт мечот го заврши со 18 поени.