Антиќ главен фаворит за најдобар македонски кошаркар во странство за 2016 година

antic

Македонската кошаркарска федерација ги одреди номинациите за најдобрите поединци за 2016 година во изборот на новинарите од целата наша земја. Главен фаворит за наш најдобар кошаркар во странство е Перо Антиќ, кој за малку не успеа да стане европски првак на завршниот турнир во Берлин, каде со својот Фенербахче загуби од ЦСКА Москва. Во 2016 година тој ја освои турската Суперлига, Купот и Суперкупот.

Негови против кандидати во изборот се Војдан Стојановски, кој во новата сезона настапува од Ривер Андора потпиша за Бетис и Предраг Самарџиски.

Во изборот за најдобар кошаркар од домашното првенство, Дамјан Стојановски и Александар Костоски се благи фаворити пред Кирил Николовски. За тренер на годината ќе се натпреваруваат Јончевски, Србиновски и Маленков.

Во женска конуренција за најдобри во годината која изминува се номинирани Нена Трајчевска, Едина Муса и Анџелика Митрашиновиќ.