АП го прогласи Леброн Џејмс за спортист на годината

Американската новинска агенција Асошиетет прес (АП) го избра кошаркарот на Кливленд, Леброн Џејмс за спортист на 2016 година.

Џејмс кој беше најзаслужен за освоената титула во НБА лигата, доби 59 гласа и е убедливо прв во изборот на АП.

На второто место се најде пливачот Мајкл Фелпс со 16 добиени гласа, додека атлетичарот Јусеин Болт е трет со девет гласа.

Во женска конкуренција победничка е Симон Бајлс, американска гимнастичарка, пред пливачката Кети Ледецки и тенисерката Серена Вилијамс.