Арсенал му го продолжи договорот на Чејмберс

Премиерлигашот Арсенал му го продолжи договорот на младиот одбранбен фудбалер Калум Чејмберс.Со новиот договор 22-годишниот играч се обврзува да остане на „Емирати“ до 2021 година.

Чејмберс минатата сезона беше на позајмица во Мидлзброу, а оваа сезона поради повреди нема многу настапи.Кариерата Чејмберс ја почна во Саутемптон од каде во 2014 година премина во Арсенал. Тој од 2012 е англиски репрезентативец во младинските селекции, а за сениорската има одиграно три натпревари.