Бакајоко конечно пристигна на „Стемфорд Бриџ“

Тиму Бакајоко е нов играч на Челси. Англискиот фудбалски првак го комплетираше трансферот на играчот за врска , кој пристигна од Монако за 40 милиони фунти. Французинот потпиша договор со времетраење од пет години.

Тој е третиот фудбалер кој летово пристигна на „Стемфорд Бриџ“ , по Антонио Рудигер , кој дојде од Рома и Вили Кабаљеро кој пристигна од Манчестер сити. Челси се намачи при доведувањето на Бакајоко. Најпрво се соочи со административни проблеми при трансферот , потоа нови пречки се појавија при медицинските прегледи , каде до израз дојде повредата на играчот од која се опоравуваше претходниов период , но конечно сите проблеми се надминати , а Бакајоко е нов играч на Челси. Менаџерот на „сините“ , Антонио Конте најави дека пристигнувањето на 22-годишниот фудбалер од средниот ред не е последен , бидејќи во периодот што следи фокусот ќе биде на доведување нов елитен напаѓач.