Барселона почна преговори со наследникот на Луис Енрике

Тренерот на шпанскиот фудбалски клуб Барселона Луис Енрике ги работи последните шест месеци како тренер на каталонскиот гигант, објавија светските медиуми.

Дел од шпанските медиуми објави дека раководството на Барса веќе почнало преговори со актуелниот менаџер на Евертон, Роналд Куман и тој најверојатно ќе го преземе тимот на крајот од сезоната без разлика на тоа дали ќе биде освоен трофеј или не.

Засега не се познати детали од преговорите, но Куман ќе ја исполни својата желба да го води тимот каде помина шест години од својата играчка кариера. Луис Енрике има договор до крајот на сезоната, а засега не дал никакви знаци дека сака да остане иако раководството на клубот има желба да ја продолжи соработката.