Бартомеу ќе разговара со раководството на Примера во случај Каталонија да прогласи независност

Претседателот на Фудбалскиот клуб Барселона, Јосеп Мариа Бартомеу го соопшти својот став во случај Каталонија да прогласи независност.

– Ситуацијата е тензична и таа многу влијае на екипата. Не можам сега да кажам што ќе се случува во иднина, но сигурно е е дека доколку дојде до независност на Каталонија, ние ќе почнеме преговори со челниците на Ла Лига да видиме како понатаму, изјави Бартомеу.

Барселона во неделата пред празни трибини го победи Лас Палмас, а за денеска управата на клубот одлучи да се приклучи кон штрајкот во Каталонија против бруталноста на полицијата за време на референдумот.