Белерин надвор од терените, до почетокот на декември

Проблемите на Арсенал Венгер дополнително се зголемија по повредата на десниот бек Хектор Белерин, кој ќе паузира најмалку 20 дена од терените.

Имено, на претходниот меч на Арсенал остана и без својот најдобар фудбалер Алексис Санчез кој за среќа не е посериозно повреден. Брзоногиот Белерин го напушти тренинг-кампот на шпанската младинска репрезентација и се врати назад во Лондон, каде по деталните прегледи беше утврдено дека има оштетување на лигаментите на скочниот зглоб.

Белерин сигурно нема да игра до почетокот на декември. Ова значи дека тој ќе го пропушти дербито со Манчестер јунајтед на 18 ноември, како и клучниот меч за првото место во ЛШ против ПСЖ, објавија англиските медиуми.

Повредата на Белерин доаѓа само неколку дена откако шпанскиот интернационалец потпиша нов шестгодишен договор со „топчиите“.