Бензема поради повреда ќе отсуствува 4 до 6 недели

Шпанскиот шампион, Реал Мадрид го направи и вториот кикс во новата сезона во Примера, откако одигра без победник на „Сантијаго Бернабеу“ против Леванте (1-1) на Енис Барди.

Покрај лошите резултати, Зинедин Зидан ќе има мака и со изборот на фудбалери за следното коло против Реал Сосиедад. На мечот против Леванте, Марсело заработи исклучување, Рамос и Роналдо имаат суспензија поради црвени картони, а да биде уште полошо, Карим Бензема се повреди и ќе биде надвор од фудбалските терени 4 до 6 недели.