Блажевски: Со помош на навивачите до победа против Шкендија

Вардаровата екипа денеска ќе го одработи последниот тренинг пред утрешното дерби против Шкендија кое се игра со почеток во 14:30 часот на Националната Арена „Филип Втори“ во Скопје а ке се емитува низ директен пренос на ТВ Нова.

Вардар во моментов има девет бодови негатива од својот ривал, но и два натпревари помалку во шампионатот. Токму од Шкендија, шампионот го претрпе единствениот пораз во оваа сезона.

Утрешниот натпревар го најави Дејан Блажевски, нашиот напаѓач кој што очекува добра игра и на крајот освојување на трите бода.

„Нашата цел на овој натпревар е освојување на трите бода, иако играме против една добра екипа. Меѓутоа верувам дека ако пружиме добра игра, ако играме онака како што ќе се договориме, дека можеме да ја оствариме нашата цел. Ја повикувам и публиката да дојде во што поголем број да ни даде поддршка за да стигнеме до победата на ова дерби“, вели Блажевски.