Бојан Трајковски и Андреј Маслинко се нови играчи на МЗТ Скопје

МЗТ Скопје обезбеди нови двајца играчи во својот ростер за новата сезона. Македонскиот шампион денеска ги официјализираше трансферите на домашните кошаркари , Бојан Трајковски и Андреј Маслинко , кои ќе бидат дел екипата која ќе го брани трофејот од минатата година. двајцата играчи ќе треба да ја засилат играта под кошевите на МЗТ Скопје. Трајковски најверојатно ќе биде стартен крилен центар , додека Маслинко ќе биде резервна опција.

Трајковски минатата сезона беше дел од тимот на Карпош Соколи , а во својата богата домашна и интернационална кариера има настапувано и за Балкан Стил , Работнички , Фени Индустри , Торус , Лирија и Куманово во домашната кошарка , како и за полскиот Сласк и косовскиот тим Приштина. Маслинко пак , кој е голема надеж на македонската кошарка , доаѓа од редовите на Работнички , а има настапувано и за младинскиот тим на италијанската Стела Азура.

Претходно , во редовите на шампионот пристигнаа Дамјан Стојановски и Бобан Стајиќ , американскиот кошаркар Ерик Гарсија , како и младите таленти Михајло Митев и Ранко Мамузиќ. Од оние кои беа дел од МЗТ и минатата сезона , во тимот се Марко Симоновски и Адем Мекиќ.