Брдариќ промовиран во тренер на Шкендија

brdaric-480x312

Германскиот фудбалски стратег Томас Брдариќ е назначен за нов тренер на македонскиот вицешампион Шкендија.

41-годишниот стратег со екипата од Тетово потпиша договор до јуни 2018 година, со можност истиот да биде продолжен.

Пред доаѓањето во Шкендија, Брдариќ ги има водено екипите на Штајнбах и Унион Солинген, а беше и на клупата на вториот тим на Волфзбург.