Буфон прогласен за фудбалер на годината во Италија

bufon

Легендарниот голман на Јувентус и италијанската репрезентација, Џанлуиџи Буфон и во 38 година од животот добива награди и признанија.

Италијанската фудбалска федерација го прогласи чуварот на мрежата на Јувентус за фудбалер на годината во Италија за 2016 година.

Буфон ја победи конкуренцијата, па зад себе го остави на второто место напаѓачот на Торино, Андреа Белоти, неговите соиграчи Леонардо Бонучи и Андреа Барзаљи.Петти заврши напаѓачот на Лацио, Чиро Имобиле.