Цедевита и Будуќност во финалето на кошаркарскиот АБА Супер куп

Екипите на Цедевита и Будуќност ќе се борат за трофејот во кошаркарски АБА Супер куп. Ова е исходот по одиграните полуфинални натпревари на турнирот што се одржува во Бар, Црна Гора.

Загрепска Цедевита во неизвесен меч беше подобра од Мега со 99-96 по четвртини (25:25, 34:20, 24:22, 16:29, во првата полуфинална пресметкам, додека во црногосткото полуфинале Будуќност го совлада Морнар со 82-65 (27:10, 19:16, 17:21, 19:18).

Финалето на првиот АБА Супер куп ќе се игра утре (сабота) од 21 часот.

Новата сезона во регионалната лига ќе започне петок (29 септември) со дуелите МЗТ Скопје Аеродром – Партизан и Цедевита – ФМП.