Червар: Ќе играме со срце и со памет против Тунис, одмазда не носи ништо добро

Селекторот на ракометната репрезентација, Лино Червар, најави дека против тунис ке играме со срце , мудро и со памет, без желба за одмазда, тоа нема да донесе ништо добро , смета нашиот селектор.

На нас е да покажеме дека сме добра репрезентација и дека можеме да играме против секого. Наше е да играме не само со срце, туку и со срце и со памет, општото расположение кај нас е дека сме подготвени да им се спротивставиме на нивната агресивна игра, ќе им одговориме со истa мера. Јас им кажав да не размислуваат за никаква одмазда бидејќи одмаздата вообичаено не носи ништо добро. Имаме против себе силен ривал, знаеме дека се добро воиграни, а сега се посилни и со враќањето на Санаи но ние сме подготвени за Тунис – изјави Червар.