Червар: Наша предност е што сите не сметаат за аутсајдери во групата

Лино Червар смета дека  аутсајдерската улога што ја има Македонија на СП  во Франција  е  поволна за нашиот национален тим , ке направиме се да изненадиме  во Франција , потенцира нашиот селектор.

Ова беа тешки подготовки, како во Маврово, така и во Скопје, морам да ги пофалам играчите бидејќи тренираа со многу ентузијазам и волја за докажување, да дадат се од себе за репрезентацијата. Немам никакви замерки на одработеното во изминатиот период. Ќе повторам, ова е нов пат, нов олимписки циклус, создавање на една нова репрезентација, која може да го оствари сонот – Олимписките Иrри. Не можеме веднаш да гарантираме големи резултати, мило ми е што на нас се гледа како на аутсајдери во групата заедно со Ангола. Стартната позиција не ни е ветувачка, но не сакам да бидам погрешно разбран, не одиме со бело знаме, ќе се бориме, верувам дека нашите играчи разбираат дека мора да се даде се од себе на секој натпревар – изјави Червар на прес конференцијата  во Скопје.

Македонските ракометари и стручниот штаб вечерва патуваат за Франција каде во Мец отвараме против Тунис на 2 јануари .