Човиќ МВП на 17.коло од АБА лигата

aba

Кошаркарот на ФМП, Филип Човиќ е избран за најкорисен играч во 17.коло од регионалната АБА лига. Поранешниот плејмејкер на Црвена звезда оствари индекс на корисност 42 во триумфот на неговиот тим против Игокеа вчеравечер во Лакташи. Човиќ овој дуел го заврши со 36 поени, три скока и пет асистенции.

Во идеалната петока на колото место си обезбеди и Шарлон Клоф, членот на македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Холанѓанецот на гостувањето кај Цибона собра 29 индексни поени, исто како и Џамар Рајан од Цедевита. Другите двајца во ТОП се Жељко Шакиќ од Цибона со 39 инд. поени и Октавиус Елис од Морнар со 31 инд. поен.