Дејан Манасков пред потпис со Веспрем

Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манасков следната сезона кариерата ќе ја продолжи во редовите на Веспрем.

Ова информација ја пренесоа неколку балкански медиуми, но засега не е официјализирана од клубот или ракометарот.

Крилото настапува во дресот на Рајн-Некар Левен, но сезонава не добива голема минутажа и е во сенка на ветеранот Гудјон валур Сигурдсон, кој е прва опција кај тренерот Николај Јакобсен.

Во минатото дресот на Веспрем го носеше Кире Лазаров, а Манасков би бил вториот Македонец кој некогаш играл за унгарскиот гигант. Веспрем за следната сезона подготвува вистински дрим-тим, бидејќи за тренер веќе го ангажираше Љубомир Врањеш од Фленсбург, а ги договори и француските репрезентативци Вилијам Акамбре и Кентин Мае.