Доминација на домашните екипи, единствено Куманово со победа на гости

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија, односно Првата лига, денеска се одиграа четири натпревари од второто коло, кои завршија со победи на домаќините.

Екипата на Работнички ја оствари и втората победа откако во празната сала на „Градски парк” го совладаа Фени Индустри со 80-63.

До втората победа стигнаа и екипите на Карпош Соколи, Гостивар и Блокотехна. „Соколите“ убедливо со 94-77 ја победија екипата на Струмица, а Гостивар беше уште поубедлив во дуелот против Кожув, кого го совлада со 101-75.

Втората гевгелиска екипа, Блокотехна ја оствари најубедливата победа во ова коло, совладувајќи го битолски Пелистер со 44 поени разлика 95-51.

Поради настап во регионалната АБА лига, шампионот МЗТ Скопје Аеродром својот меч од ова коло против дебитантот Шкупи ќе го игра во среда (18 октомври)