Довициозо пред Маркез на јапонското Гранд-при

Андреа Довициозо е победник на трката за Големата награда на Јапонија во Мото ГП шампионатот, која се возеше на патеката „Твин Ринг“ во Мотеги.

Возачот на Дукати, до петатта победа сезона стигна во супер интересен финиш, минувајќи го најголемиот конкурент за шампионската титула Марк Макркез во последниот свиок.

Третото место го освои Данило Петручи, на Јамаха, кој беше во водство во првата половина на трката, но не можеше да ја издржи битката со Довициозо и Маркез.

Со овој триумф и новите освоени бодови, Довициозо ја намали предноста во Генералниот пласман на Шпанецот на само 11 бода.

На три трки до крајот на шампионатот, Маркез е лидер со 244 бодови, пред Довициозо кој има 233 и Маверик Винаљес со 203.

Следната трка ќе се вози за Големата награда на Австралија, веќе следнит викенд.