Победа за Валентино Роси во Каталуња

Италијанскиот возач, Валентино Роси славеше на големата трка во Каталуња иако стартуваше од петтата позиција.
За Роси ова беше прва победа во Барселона по пауза од 7 години.

Веднаш зад Роси остана Марк Маркез кој стартуваше од пол-позицијата.

Голема борба се водеше помеѓу овие двајца до самиот крај, а на два круга до крајот Роси се врати на лидерската позиција и ја задржа до крај.

Трката во Каталонија ја обележа и инцидентот на девет круга пред крајот кога Јаноне го исфрли Лоренцо од трката. Јаноне се обиде да го помине Лоренцо, но на крајот двајцата ја завршија трката пред време.