Се огласи мажот што излезе на терен на мечот на Ѓоковиќ, еве што сакал да направи

trol

Инцидентот кој се случи на натпреварот помеѓу Ѓоковиќ и Нишикори се уште е топ тема на тенискиот свет, а мажот преку видео-порака на интернет кажал што точно планирал.

Тој објаснил дека целата акција била смислена од него и неговиот пријател кој седел на трибините и снимал додека тој се обидувал да влезе на терен да се соблече и да направи сцена која би личела на вршење голема нужда.

– Жал ми е што не успеав, но обезбедувањето беше брзо и ме фати. Но, имав идеја да ја соблечам тренерката и оставам пластично гомно на терен. Нема врска ќе го направам тоа следниот пат. Напишете на кој натпревар сакате да го направам тоа и јас ќе ви ја исполнам желбата, рекол Англичанецот.

Откако бил фатен и отстранет од арената О2 им објаснил на фановите што точно планирал и се извинил за неуспехот.