Џејмс ќе го пропушти стартот на сезоната

Најдобриот кошаркар на Кливленд Кавалирс Леброн Џејмс во вторникот го одигра првиот меч, во поразот против Чикаго постигна 17 поени, а овој меч ќе биде и единствен претсезонски за него.

Леброн поголем дел од тренинзите, но и натпреварите ги пропушти поради проблем со левиот скочен зглоб, повреда со која се здоби на крајот на септември.

Ѕвездата на Кавси мината недела неколку пати изјавуваше дека не е целосно подготвен, а токму поради повредата Џејмс може да го прескокне и првиот меч во новата сезона во НБА-лигата против Бостон, кој е закажан за 17. октомври