Ексклузивно : Вардар – Малме директно на ТВ Нова !

Реванш натпреварот меѓу Вардар и Малме  од второто квалификациско коло во Лигата на шампионите ке се емитува директно на ТВ Нова.

Вардар има одличен резултат по првата средба со Малме , одигра нерешено 1-1  и е на прагот да обезбеди пласман во третото квалфикациско коло, ваков успех македонски шампион нема  од 2006 година.  Натпреварот ке се игра во Струмица на стадионот „Младост“ со почеток од 18 часот  и со преност на ТВ Нова.

Европската куќа на фудбалот, УЕФА делегираше судии од Украина за возвратниот натпревар на Вардар против Малме во рамките на второто коло од квалификациите за Лигата на шампионите.

Анатолиј Жабченко ќе го води дуелот во среда попладне во Струмица, а ќе му асистираат Александр Војток и Сергеј Бекер. Четврт судија ќе биде Александр Дердо.