ЕП Кошарка: Комплетирано првото коло, пораз на Турција

Првото коло од Евробаскет 2017 беше комплетирано со синоќешните дуели во групите Ц и Д. Домаќините на групите селекциите на Турција и на Романија претрпеа порази.

Турција во Истанбул минимално загуби од Русија, додека Романија беше поразена во Клуж со двоцифрена разлика од Чешка.

Резултати:
Ц група: Романија – Чешка 68:83, Шпанија – Црна Гора 99:60 и Унгарија – Хрватска 58:67.
Д група:Турција – Русија 73:76, Србија – Летонија 92:82, Белгија – Велика Британија 103:90.
Денеска се играат натпреварите од 2.коло во сите четири групи:
А група:Полска – Исланд, Грција – Франција и Финска – Словенија.
Б група: Грузија – Германија, Украина – Италија и Израел – Литванија.
Ц група: Црна Гора – Унгарија, Чешка – Шпанија, Романија – Хрватска.
Д група: Летонија – Белгија, Русија – Србија и Велика Британија – Турција