ФИБА ги објави потенцијалните домаќини на Мундобаскет 2023

Светската кошаркарска асоцијација (ФИБА) ги објави имињата на кандидатите за организација на Светското првенство во 2023 година.

Од пристигнати пријави до ФИБА, заеднички кандидатури поднеле Аргентина и Уругвај, како и Јапонија, Индонезија и Филипини. Самостојна организација бараат две држави, Русија и Турција.

Се очекува на почетокот на следната година ФИБА да го одреди организаторот или организаторите на Мундобаскет 2023.

Потсетување дека следниот планетарен кошаркарски собир ќе биде во Кина 2019 година.