ФК Вардар ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ

Македонскиот фудбалски првак, екипата на Вардар, ги стартуваше подготовките за пролетниот дел од сезоната во Првата македонска фудбалска лига.

„Црвено-црните“ го имаа првиот собир во тренинг-центарот во Хиподром, а Гоце Седлоски ги имаше на располагање сите фудбалери на првата прозивка. Од новајлиите за првпат во новата средина беше Бесир Демири, додека од младинците на теренот се најдоа Личина, Димков и Стојчевски.

Вардар ќе тренира во Скопје до 20. јануари, а потоа ќе следи заминување во турска Анталија.

Фото: ФК Вардар