ПСЖ и Барселона во трка за потписот на Дембеле

Младиот крилен напаѓач на Борусија Дортмунд, Осман Дембеле повеќе од сигурно е дека ова лето ќе го промени клубот.

Шпански „Ас“ тврди дека Барселона веќе стапила во контакт со агентот на Дембеле и започнала првични преговори. Во оваа приказна е вклучен и ПСЖ кој исто така сака да го ангажира младиот центарфор.

Дембеле се очекува за неколку години драстично да го подигне квалитетот на игра и поради тоа богатите клубови од Шпанија и од Франција сакаат да го имаат во своите редови.

Неофицијално Борусија Дортмунд за Дембеле бара 90 милиони евра но лесно може да се случи оваа сума да порасне за дополнителни 50 милиони прогнозира „Билд“.