Вест Хем нуди 20 милиони фунти за напаѓачот на Арсенал

Оливие Жиру може да се запише во историјата на Вест Хем како фудбалерот со највисока плата. Ова откако раководството на „чеканите“ одлучило да му понуди на Жиру 130 000 фунти неделна плата плус бонуси.

Според островските медиуми, напаѓачот на Арсенал сака ова лето да го напушти тимот на Венгер и да се се пресели во екипи каде ќе биде стандарден.

Вест Хем смета дека понуда од 20 милиони фунти ќе биде доволна за Венгер да се согласи да го продаде репрезентативецот на Франција.

Во меѓувреме, се погласни се шпекулациите дека Арсенал е цврсто решен да го задржи Санчез и да купи нов напаѓач.