Гласајте за Лазаров како најдобар десен бек во светот за 2016 година!

kire-lazarov-izjava-615x400

Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров е еден од четворицата номинирани според специјализираната веб страница за ракомет „Handball-planet” за најдобар десен бек за 2016 година.

Лазаров е во конкуренцијата со Ласло Наџи од Веспрем, Кжиштов Лијевски од Киелце и Алекс Душебаев од Вардар. Еден од овие кандидати наскоро ќе биде победник во оваа категорија, ќе се најде во идеалниот тим на годината и ќе кандидира за апсолутен победник. За Кире Лазаров можете да гласате на следниов линк: