Гордон Страхан повеќе не е селектор на Шкотска

Репрезентацијата на Шкотска остана без селектор, откако по неуспехот да се квалификува за Светското првенство во Русија му врачи отказ на Гордон Страхан.

По ремито во Словенија, Шкотите за два бода не стигнаа до второто место на табелата и наместо нив, Словачка ќе игра бараж.

Шкотскиот национален тим веќе подолг период е без настап на голема приредба, а наскоро ќе започне подмладување со новиот селектор, кој ќе биде именуван во следните неколку недели.