Гуглета го засили Металург

Металург продолжува да ги засилува своите редови, па така македонскиот вицешампион денеска потпиша договор со десното крило на Војводина, Александар Гуглета.

Станува збор за 25-годишен играч кој и лани беше поврзуван со доаѓање во „Автокоманда“. Тогаш трансферот не се реализираше, но затоа Гуглета овојпат постигна договор со раководството на „металурзите“ за соработка со крајот на сезонава, со можност потоа да биде потпишан нов двогодишен договор.

 “Среќен сум што дојдов во Металург, клуб со голема традиција, кој настапува во Лигата на шампионите и во регионалната СЕХА-лига. Тоа е клуб со одличен тренер и со млади и квалитетни ракометари, кои своите способности најдобро ги прикажаа на вчерашната средба со Извиѓач. Одлично сум примен од своите нови соиграчи и се надевам дека ќе ја оправдам довербата на екипата, на тренерот и раководните луѓе од клубот“, изјави Гуглета за официјалната веб-страница на Металург.