Гвардиола го потврди првото засилување за Сити во јануарскиот преоден рок

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола за англиските медиуми истакна дека голема е веројатноста големото јануарско засилување, Габриел Хесус да дебитира за Манчестер Сити во наредниот период.

Хесус треба да пристигне во Манчестер во вторник наутро, а на соиграчите треба да им се придружи подоцна неделава, откако доби дозвола да ја заврши сезоната со неговиот матичен клуб Палмеирас.

Хесус своето деби многу веројатно ќе го има веќе во петок, кога Сити му гостува на Вест Хем во рамки на третото коло од ФА купот.