Гвардиола: Се ближи крајот на мојата кариера

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, изјавил дека размислува за крајот на својата тренерска кериера. Шпанецот ова го изјавил, во понеделникот, по победата на Манчестер Сити над Барнли 2:1.

Гвардиола во јуни стана менаџер на Манчестер Сити, откако претходно три години беше предводник на минхенски Баерн, а успешната кариера ја започна во Барселона, каде за три години освои 14 трофеи.

„Ќе бидам во Манчестер Сити во наредните три сезони, можеби и малку подолго, но се ближам кон крајот на својата кариера сигурен сум во тоа. Нема да бидам тренер на 60 или 65-годишна возраст. Чувствувам дека процесот на збогување започна“, рекол Гвардиола.

Гвардиола има 45 години, а играчката кариера ја мина во Барселона, Бреша и Рома. Тренерската кариера ја започна во 2008 година.