Хал го наименува Марко Силва за нов менаџер на екипата

Откако Хал Сити во последните девет кола успеа да освои само три бода, раководството на „тигрите“ одлучи да го отпушти, Мајкл Филан.

Искусниот Филан на кормилото на Хал пристигна на почетокот на сезоната како замена за Стив Брус, кој изненадувачки го напушти клубот, а денес од клубот објавија дека неговото место го зазеде сега веќе поранешниот тренер на Олимпијакос, Марко Силва.

39-годишниот Португалец потпиша договор до крајот на сезоната, а своето деби на клупата на Хал Сити ќе го има овој викенд кога „тигрите“ ќе се соочат со Кристал Палас во рамките од ФА купот.