Јаневски: Нема да отстапиме од нашата напаѓачка игра

Чедомир Јаневски, тренерот на македонскиот шампион Вардар, е свесен дека екипата на Зенит, првиот противник на црвено-црните го групната фаза во Лига Европа ја има улогата на фаворит во утрешниот меч кој ќе се игра во Скопје.

Сепак Јаневски потенцира дека Вардар нема да отстапи од својата напаѓачка игра, која би требало повторно да донесе позитивен резултат.

– Вардар е пред историски натпревар. Ја отвораме групната фаза со Зенит, фаворит во оваа група и амбиции за финале. Се работи за добар колектив со добри индивидуалци. Имаат домашни репрезентативци и квалитетни интернационалци од Аргентина. Во последните денови ги направивме сите анализи од нивните последни два натпревари. Добро ги анализиравме, во една одлична и работна атмосфера. Се надевам дека пред нашите гледачи и „Комитите“ кои се на секој меч ќе одиграме добар меч и сите задоволни ќе го напуштиме стадионот. Ако сакаме позитивен резултат, не треба да примиме гол, изјави Јаневски на средбата со новинарите.

Мечот од 1.коло во Лига Европа меѓу Вардар и Зенит ќе се игра утревечер на Националната арена „Филип Втори“ со почеток од 20 часот и 5 минути.