Кинезите со понуда од 90 млиони евра за Диего Коста

kosta

Кинезите сакаат да го купат напаѓачот на Челзи, Диего Коста. Екипата на Тијанџин Кванџин е подготвена да го купи шпанскиот репрезентативец од „Енфилд Роуд“.

На клупата на екипата на Тијанџин Кванџин е легендарниот италијански фудбалер Фабио Канаваро. Првично беше понудена сума од 60 милиони евра, а Челзи без размислување на одби оваа сума, но последната понуда од овој тим е многу поголема и изнесува “вртоглави” 90 милиони евра.

Коста во Челзи дојде во 2014 година и тоа за сума од 40 милиони евра од тимот на Атлетико Мадрид.