Кливленд без Леброн го доживеа 7-от сезонски пораз

Актулениот шампион во Нба лигата екипата на кливленд на гостински терен го доживеа 7 сезонски пораз од Детроит со 106-90.

Овој пораз за Кавси доаѓа по само еден ден од победата над голденст стејт. Кливленд на овој меч настапи без својот најдобар играч Леброн Џејмс, а најефикасен играч во дресот на тимот од Кливленд беше Кајри Ирвинг со 18 поени. Најзаслужен играч за победата на пистонс беше Тобиас харис со 21 поени и 6 скокови.

На преостанатите 8 дуели Чикаго ја совлада Индиана, Вашингтон ги доби Милвоки, орладно славеше против мемфис, Њу Орлеанс триуфмираше против Далас, Торонто го совлада портланд, Минесота ги доби атланта, Денвер славеше над Ла клиперс, додека во последниот меч Сакраменто оствари победа над Филаделфија.