Кошаркарите го одиграа првото коло во домашното првенство

133444048

Во кошаркарскиот шампионат на Македонија во машка конкуренција, со двомесечно задоцнување на стартот, конечно, се одиграа првите средби. На стартот на првенството три од четирите натпревари завршија со победи на домашните екипи.

Работнички ја забележа најубедливата совладувајќи го Куманово со 89-52.

Предноста на домашниот терен за оствари и дебитантот со Првата лига АБ Охрид кој со 73-61 го победи Пелистер, додека Струмица славеше над Вардар со 64-57.

Единствениот дуел каде гостите се радуваа се одигра во Гевгелија, каде Кожув загуби од Фени Индустри со 63-66.

Во истиот термин во Охрид своето прволигашко деби ќе го има составот на АВ Охрид кој за противник ќе го има Пелистер.

Половина час подоцна (18:30) ќе започне натпреварот Струмица – Вардар, а првото коло ќе биде заокружено со уште едно дерби.

Во салата „Градски парк“ во Скопје, од 19 часот ќе се игра натпреварот меѓу Работнички и Куманово.