Мистер “трипл-дабл”- Расел Вестбрук

Расел Вестбрук продолжува со импресивните партии оваа сезона, ноќеска по 15 пати имаше трипл-дабл учинок со кој ја предводеше Оклахома до победа од 106:94 на гостувањето кај Мајами.

Расел Вестбрук уште еднаш ја презентираше својата магија на теренот постигнувајќи 29 поени, 17 скокови и 11 асистенции. Тоа беше негов 15. трипл-дабл оваа сезона, а 30. во календарската година.

Во останатите средби беа постигнати следните конечни резултати:

Резултати:

Бостон – Мемфис 113:103
Мајами – Оклахома 94:106
Далас – Хјустон 107:123
ЛА Лејкерс – Јута 100:102