Кристијано Роналдо најдобар во 2016

ronaldo-2-480x286

Sвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо ја доби наградата за најдобар фудбалер на светот за 2016 година во организација на ФИФА.

Наградата од годинава го носи името „Д Бест“ откако Франс Фудбал се повлече од заедничкото доделување на признанието за играч на годината.

Португалецот победи во конкуренција на асовите на Барселона и Атлетико Мадрид, Лионел Меси односно Антоан Гризман.

Роналдо имаше исклучително успешна година во која со Реал Мадрид и репрезентација ги освои најважните титули во Лигата на шампионите и Европското првенство.

Признанието за најдобра фудбалерка на светот и припадна на Американката, Карли Лојд, а најдобар тренер е Клаудио Раниери.