Лазаров: Одработивме добри подготовки, веруваме во Червар и нема да се предадеме против никого

trening-gdansk-lazarov-kuzmanovski-borko-300x200@2x-480x320

 

Капитенот на ракометната репрезентација, Кирил Лазаров,  смета дека дбобро одработените подготовки се гарант за успешен настап на СП во Франција, селекторот Лино Червар е  голем инспиратор, веруваме во него и тактички добро сме подготвени.

Лазаров не ветува големи резултати, групата е силна , но нашиот национален тим нема да настапи со бело знаме на ниту еден меч, ке играме најдбро што  можеме , потенцира капитенот на Макеоднија.

 

Одработивме квалитетни подготовки во Маврово и Скопје. Иако не бевме комплетни во Маврово, бидејќи имавме играчи кои што оправдано доцнеа. Најважно од се е што физички, психолошки и тактички добро се подготвивме, а тоа на самите средби ќе се покаже дали е доволно. Заминуваме во една мирна атмосфера и ќе се надигруваме со противниците. Најважно од се е како играчи да му веруваме на селекторот. Мојата амбивија е поголема и потсвесно се надевам дека можеме да се надигруваме со големите репрезентации. Најважно е што ние сме спреми како никогаш до сега. Нема да се предадеме против ниту еден противник и потсвесно треба да размислуваме за победа” изјави капитенот Кире Лазаров.