Лазаров : Оваа е нов предизвик во мојата кариера

Францускиот претставник во Лигата на шампионите, Нант ја објави соаработката со Кире Лазаров за следните две сезони, нашиот ракометар за клупската веб страница даде кратка изјава на задоволство по потписот на договорот за следните две сезони.

„Доаѓам во амбициозен клуб, кој од година во година напредува. Имам можност да играм во еден од најдобрите шампионати во светот и да играм во Лигата на шампионите. Ги гледам мечевите од францускиот шампионат и многупати сум го гледал Нант. Ова е ново поглавје во мојата кариера“, изјави Лазаров за официјалната веб страница на клубот.

По Македонија, Хрватска, Унгарија и Шпанија, Франција е петтата земја каде што ќе настапува нашиот репрезентативен капитен.