Лазаров: Внимателно на секој натпревар, осминафинале е главна цел

Ракометната репрезентација  на Макеоднија го одржа последниот тренинг  пред натпреварот со Тунис кој се игра утре  и е прв на мундијалот во Франција.

Капитенот Кирил Лазаров е внимателен пред средбата со Тунис , воопшто на овој мундијал не смееме да очекуваме премногу но јасно е дека оваа генерација на искусни и млади играчи може до добар резултат на Светското првенство , изјави за ТВ Нова Лазаров.

Знаеме дека од нас секогаш се очекуваат најдобри резултати, ние секогаш и се обидуваме да дојдеме до нив, но некогаш таквите очекувања знаат да бидат и нереални. Ние многу пати сме гореле во желбата да дојдеме до триумф на некој значаен натпревар, сметам дека овојпат не смееме да си дозволиме такво нешто, мораме да играме смирено, интелигентно, да ја користиме секоја шанса што ќе ни се укаже, на ова Светско првенство сите селекции играат цврста одбрана и мора да се намачите за да им дадете гол. Ќе видиме како ќе тече натпреварот  со Тунис, трениравме на ситуацијата „седум на шест“, подготвени сме да ги исполниме задачите што од нас ќе ги побара селекторот – изјави Лазаров.

Македонија и Тунис се среќаваат утре со почеток од 17-45 часот.