Лекиќ во дресот на ЖРК Вардар до 2019 година

Вардар го обезбеди пласманот во осминафиналето на лигата на шампионите на три кола пред завршувањето на натпреварите од главната фаза, и почна да работи на создавање на тимот што и следните сезони ќе настапува во насилното европско натпреварување.

Српската интернационалка Андреа Лекиќ ќе остане како дел од тимот и во следните две години, односно до јуни 2019 година. Лекиќ дојде во Вардар во 2013 година, а нејзиното останување е во согласност  намератa и амбицијата Вардар да ги задржи ракометарките што се клучни за нивната игра. На Лекиќ летово и завршува едногодишниот договор што беше склучен лани, но брзо беше најден заедничкиот интерес за продолжување на соработката.

Лекиќ е важна алка во играта на Вардар, особено во нападот. Најдобрата светска ракометарка за 2013 година зад себе има три бронзени медали со Вардар на Ф4 турнирите во лигата на шампионите од претходните сезони. Еднаш веќе ја освојуваше и ЛШ во 2013 година. Беше избрана и за Ол стар играч на ЕП 2012 година.

Вардар во моментов е единствена екипа во лигата на шампионите што нема пораз, и има серија од осум победи по ред и десет натпревари без пораз, што е клупски рекорд. Во следното коло од главната фаза на лигата на шампионите на 26 февруари Вардар е домаќин на Будуќност.