ЛШ: Вардар го демолира Кјелце, актуелниот Европски шампион поразен 40-34

Вардар  го понижи Европскиот шампион Кјелце  кој „падна“ во СЦ „Јане Сандански“ со 40-34 во натпревар со многу возбудувања за прво место во  групата Б  во шампионската лига.

Вардар со петатта победа во ЛШ најави дека сезонава може до завршниот турнир, Кјелце кој е бранител на трофејот немаше сили да  и се спротистави на „црвено-црната“ машинерија која функционираше беспрекорно. Натпреварот изобилуваше со пресврти, добри акции и голови , Арпад Штербик брилијантен на голот ,  беше еден од инспираторите на победата  во која Игор Карачиќ  беше најефикасен со девет гола, а по осум погодоци постигнаа Алекс Душебаев и Тимур Дибиров.

Вардар е прв во групата Б со 10 бода  пред Рајн Некар Левен и Келце со девет, односно осум поени. Следно за Вардар  во Лигата на шампионите е натпреварот  на 17 ноември  кога му гостуваат на Рајн Некар Левен.