ЛШ: Вардар ја пречекува Барселона , со помош на публиката до прва победа против каталонците во Скопје

Вардар кој е актуелен европски ракометен првак денеска пред домашна публика во Скопје го пречекува поранешниот повеќекратен првак Барселона во меч од 5. коло на групната фаза од лигата на шампионите.

Ова е трет меѓусебен натпревар на Вардар и Барселона годинава. На полуфиналето од Ф4 во Келн, победи Вардар, а во полуфиналето на Супер Глоуб подобра беше Барселона. Средбата започнува од  17-30 часот, ова ќе биде меч од висок ризик поради големиот број на гледачи што се очекуваат во салата во СЦ „Јане Сандански” во сабота.