Луис Енрике по крајот на сезоната ја напушта Барселона?

Тренерот на Барселона, Луис Енрике, би можел да го напушти „Камп Ноу“ на крајот од сезоната, откриваат медиумите на Пиринеите. Тој размислува да земе една година одмор по напорите во каталонскиот клуб, а дури потоа да размислува за новите предизвици во фудбалската кариера.

Конечното решение на Луис Енрике ќе зависи од многу фактори. Пред се од позицијата на која Барселона ќе ја заврши сезоната во Примера. Во разговорите со раководството тој напоменал дека најважни му се односите со фудбалерите и со челниците на клубот, додека финансискиот аспект и не е примарен за продолжување на договорот. Но, од друга страна, тој веќе чувствува и психички и физички замор од раководењето на тимот.

Раководството на Барса сака да го задржи 46-годишниот стратег на кормилото, со оглед дека тимот со него освои осум од десетте можни трофеи во изминатите две сезони.