Македонија со напредок од 32 места на ФИФА листата

Фудбалската репрезентација на Македонија направи скок од 32 места на најновото издание на листата на ФИФА. Сега „црвено-жолтите“ се наоѓаат на 103.позиција. Ова е плод на триумфот што најдобрите македонски фудбалери го остварија против Израел во Хаифа (0-1), како и ремито (1-1) против Албанија во Струмица, во рамките на квалификациите за Светското првенство кое ќе се одржи во Русија следната година.

Од нашата квалификациска група, најдоброрангирана е Шпанија на 11.место, Италија е во пад од пет позиции и се наоѓа на 17.место, Албанија е 66., додека Израел е на 82.позиција. Најслаборангирана селекција е Лихтенштајн на 187.место.

Во првата „десетка“ има промени на врвот. Сега Германија е на првата позиција, пред Бразил, Португалија, Аргентина и Белгија. Потоа следуваат Полска, Швајцарија, Франција, Чиле и Колумбија.