Македонија со пресврт против Данска до финале во Европската лига

Македонската одбојкарска репрезентација против Украина ќе се бори за првото место во Европската лига откако во полуфиналето нашите одбојкари беа подобри од домаќинот на завршниот турнир ((25-19, 25-20, 14-25, 20-25, 11-15) а Украина предходно ја совлада Шведска исто така со 3:2.

Двете полуфиналиња завршија со идентичен резултат 3:2 но за разлика од воведното, во она на кое Македонија се избори за пласман во финалето беше многу понеизвесно.

По воведното водство на Данска од 2:0, црвено-жолтите „спартанци“ ги добија следите три сета за конечен пресврт и важна победа.

Ова за Македонија беше седми триумф по ред во овогодинешното издание на Европската лига.